Скандал во Хрватска: Професор снимал ученички на екскурзија, скришум им влегувал во соба
52-годишен професор од средно училиште на еден хрватски остров бил пријавен за неовластено снимање и сексуално вознемирување – тој е уапсен и судија му одредил забрана за приближување и забрана за воспоставување контакт со две ученички. Моментално е на слобода, пишува Слободна Далмација.
Според „Слободна Далмација“, директорот на гимназијата прв отишол во полиција и ја известил дека родителите на децата го контактирале. Спорно е патувањето на средношколците на екскурзија во Италија во периодот од 3 до 6 мај, кога средношколка пријавила дека наставникот сексуално ја вознемирувал.
„Уште една ученичка дошла заедно со нејзините родители и пријавила во полиција дека професорот без дозвола ги снимал на екскурзијата. Тој влегол во хотелската соба околу шест часот наутро и ја фотографирал неа и нејзините соученички додека спиеле во креветите, а подоцна и им ги покажувал фотографиите што ги направил“, велат од полицијата.
Професорот со овие две кривични пријави е спроведен во Општинското државно правобранителство, но по распитот е пуштен со мерки на претпазливост.
Хрватските новинари велат дека нивните обиди да дознаат дали професорот е суспендиран или сѐ уште работи во училиштето, останале безуспешни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…
Хрватска ја враќа воената служба
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…
КФОР им додели медали на војници од…
Свечена церемонија за доделување медали на војници…
Бочварски: Просечната плата во Хрватска е двојно…
Благоја Бочварски, поранешниот министер за транспорт и…