Објавено на:

Скандал во Хрватска, украдени се податоци на половина милион ученици и наставници

t

Личните податоци на повеќе од 560.000 хрватски ученици и наставници, вклучувајќи ги нивните имиња и презимиња, функции, имиња на училиштата во кои работат или посетуваат и нивните официјални е-адреси, беа објавени во јавноста. Истрагата за тоа кој, како и со каква намера ја украл и објавил големата база на податоци е во тек, објавија хрватските медиуми.

Хрватската академска и истражувачка мрежа Карнет вели дека веднаш ги презеле сите потребни мерки штом дознале за објавувањето на базата на податоци презел сите потребни мерки и започнала обемна техничка и форензичка анализа.

„Она што засега можеме да го кажеме е дека прелиминарните резултати покажуваат дека податоците не се земени од системите на Карнет, туку наликуваат на податоци од системи од трети страни“, изјави Ана Смољо, помошник-директор на мрежата.

Детскиот правобранител Татјана Каткиќ Станиќ ги повика властите брзо да реагираат.

„Очекуваме дека надлежните органи многу брзо ќе дадат многу јасни упатства и отворено ќе ги обезбедат сите информации што се потребни во однос на децата, и во однос на родителите, и во однос на училиштата“, рече таа.

Карнет предупредува на можни опасности.

„Постои зголемен ризик од социјален инженеринг, особено фишинг, т.е. лажни е-пораки во кои испраќачите се претставуваат себеси и бараат посебни податоци како што се картички, лозинки итн. Им советуваме на корисниците да не одговараат на вакви пораки, да не отвораат линкови и прилози“, објасни Смољо.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ смета дека штетата во овој случај не е преголема.

„Колку што разбирам, според она што ми го кажа министерот Фукс, нема податоци што би биле чувствителни. Ова се стандардни е-адреси на луѓе што посетуваат училиште. Значи, нема ништо особено комплицирано. Луѓето знаат кој оди на училиште. Тоа не е тајна“, рече Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Хрватска, украдени се податоци на…

Личните податоци на повеќе од 560.000 хрватски…

(Видео) Украински тајкун повреден во експлозија на…

Три лица, меѓу кои и украински бизнисмен,…

Од утре летен времен режим на сообраќај…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Историски ден за македонскиот тенис – Ѓорческа…

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно…

Денес се празнуваат Светите маченици Мануил, Савел…

Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец…