Скандал до скандал: Началникот кој ургирал свадбарите на Гаши да го поминат Блаце без контрола веќе има две дисциплински
Новоназначениот началник на Центарот за гранични работи Север, Наим Рамука, бил човекот кој дозволил Гаши и свадбарската тајфа да го поминат граничнинот премин „Блаце“ без евидентирање дека ја поминале границата и без никакви проверки, објавија денеска од СДСМ.
„Согласно информациите кои ги добивме, еден час пред да поминат Гаши и сватовите, Наим Рамука, новоназначениот началник на Центарот за гранични работи Север, кој заради наводна контрола, дошол на граничниот премин за да го обезбеди поминувањето без контрола на Гаши сватовите“, соопшти денеска не прес конференција Богдандка Кузеска, портпаролката на СДСМ.
Како што дознава Инфомакс од сопствени извори, Рамука веќе има две дисциплински постапки и мерки во Министерството за внатрешни работи. Според нашите информации Рамука прикривал предмет за лични придобивки, но очигледно нема никаква разрешница бидејќи истиот во меѓувреме е унапреден на позиција началник на Центарот за гранични работи Север. Три дисциплински значат и разрешување, што би значело дека МВР најпрво треба да поведе дисциплинска постапка за Рамука, а потоа истиот да биде и разрешен од функцијата.
Инфомакс претходно објави дека спикерот Гаши го злоупотребил службеното возило и заедно со целосно обезбедување го поминал граничниот премин Блаце за да оди на свадба во соседно Косово. Подоцна СДСМ сподели информации дека заедно со Гaши границата без евиденциja и проверка ја поминале и сите од свадбарската тајфа.
Кузеска истакна дека „под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и пропустите на граничниот премин Блаце. Вчера, СДСМ им даде рок од 24 часа на Тошковски и МВР да бидат чесни и да објават како дошло до овој скандал и кој е вистински одговорен за тоа.
„Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако се фатени во скандалот и мораа да го признаат, тие се обидуваат одговорност да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце. Овој човек не е тој кој дал наредба да бидат пропуштени Гаши и сватовите без контрола“, беше истакнато на прес конференцијата.
Од СДСМ прашуваат зошто Тошковски сака да го заштити Наим Рамука и го „мести“ раководителот на смена? Дали Тошковски повторно ќе се обиде да излаже и да го заштити својот нов началник на сметка на чесни луѓе кои си ја работат работата? До кога ќе траат лагите на МВР и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе си поднесе ли конечно Тошковски оставка?
Според СДСМ, ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат.
„Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО. Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај“, беше потенцирано на пресот.
СДСМ прашува уште колку вакви примери има на злоупотреби, за пропуштање на возила и лица на граничниот премин без контрола и затоа упатија неколку барања.
Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден.
Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце.
Според СДСМ, тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат.
Од оваа партија побараа Тошковски да си даде оставка, затоа што, според СДСМ, на тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал.
Третото барање на СДСМ е апел до ОЈО да отвори детална истрага и овој скандал да има разрешница затоа што секој што го прекршил законот мора да одговара, порачаа од партијата.
Инаку, ова е втор сериозен скандал на спикерот Гаши кој претходно го испрати своето обезбедување да изврши притисок врз македонската полиција на скопскиот аеродром да ја пропушти Вјоса Османи без проверка на багажот, иако по првичното скенирање било забележано нешто што не е во ред. Обезбедувањето на Гаши им се заканувало на македонските полицајци со репетиран пиштол на глава, а за среќа настанот помина без жртви или повредени лица.
Коалиционите партнери на ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ наместо да ги осудат овие скандали, ги заташкуваат пред очите на македонската јавност.
Левица поднесе интерпелација за спикерот Гаши која е закажана за трети септември, но истата е скоро сигурно дека нема да успее затоа што од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека нема да гласаат против Гаши бидејќи бил подобар од Талат Џафери…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал до скандал: Началникот кој ургирал свадбарите…
Новоназначениот началник на Центарот за гранични работи…
(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…
Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…
Пуштен во употреба патот Скопје – Блаце
Завршија градежните активности за реконструкција на државниот…
Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската…
Приведен жител на Блаце, пренесувал производи без…
Полицијата утрово, во 00.20 часот, кај местото…