Скандал или дипломатска одлука? Душан Адамовиќ назначен за почeсен конзул на Македонија во Србија
Во јануари 2026 година, В.д. помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Наташа Раашевиќ, му ја врачи егзекватурата на Душан Адамовиќ како почасен конзул на Република Северна Македонија во Република Србија, со седиште во Панчево. Неговата задача ќе биде да ја унапреди соработката и двостраните односи меѓу двете држави, потврдено од официјалниот веб-сајт на српското МНР.
Назначувањето предизвика реакции во јавноста поради наводни пораки и ставови од социјалните мрежи од 2012 година, кои, според некои коментатори, биле контроверзни и навредливи кон соседни земји.

Досега не е достапна официјална архивска копија од тие пораки на платформата X/Twitter, но профилот AdamovicDusan постои и е стар над една декада.
Официјалните претставници од дипломатските служби на двете земји потенцираа дека назначувањето има за цел да го зголеми пријателството и соработката меѓу Србија и Северна Македонија.
Извор: Порталикс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал или дипломатска одлука? Душан Адамовиќ назначен…
Во јануари 2026 година, В.д. помошник-министерот за…
Раскол во „Влен“? Министерот Фатмир Лимани „пребега“…
Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата…
Тројца осомничени за педофилија врз ќерка и…
Во Кавадарци и Неготино регистрирани се два…
Предновогодишно, владата драстично го намали буџетот за…
Со потпис на премиерот Христијан Мицкоски, владата…
Георгиевски: Денес е денот во кој македонските…
Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна,…