Скопската полиција ноќва во Карпош уапси бегалец од „Идризово“, осуден на 15 години затвор

t

Ноќва во 01.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободa Е.Л.(32) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…