Скопска месарница и познат маркет продавале небезбедна храна – АХВ ги казни

t

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и поради невршење лабораториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок.

-Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава.

Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарница во Скопје поради пласирање на пазарот небезбедна храна, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања, информираат денеска од АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

-Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението.

Во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола.

Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопска месарница и познат маркет продавале небезбедна…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

На „Табановце“ зголемена фреквенција на возила и…

На граничниот премин Табановце за излез и…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Затворена сендвичарница во Аеродром поради присуство на…

Сендвичарница во Аеродром е превентивно затворена по…

АХВ И МВР спречија шверц на јагниња

Инспекциските служби на агенција за храна и…