Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три милиони патници
Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот патник во една година. Ова, како што рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се случува по првпат во историјата на авиосообраќајот во земјава.
Николоски нагласи дека скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, дека има континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, а на бизнисот му се овозможуваат подобри комуникации и врски.
Николоски заедно со раководството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на која беше испратена Милена Таскова на нејзиниот лет Скопје – Бари, со што стана тримилионитиот патник на скопскиот аеродром.
„Драго ми е што ова семејство што денеска патува до Бари ја има среќата да биде тримилионитиот патник на скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години, ова би било незамисливо. Со ова, аеродромот во Скопје станува центар за целиот регион“, рече Николоски.
Тој посочи дека од септември минатата година досега има 21 нова дестинација од скопскиот и од охридскиот аеродром, што се најмногу воведени од која било држава во регионот.
Најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолиниите Скопје – Наполи и Скопје – Будимпешта, а од 28 јуни Охрид – Катовице, Охрид – Вроцлав, Охрод – Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид – Виена на „Аустриан ерлајнс“.
Раководството на аеродромскиот оператор на тримилионитиот патник и подари бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни билета од „Визер“.
Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија рече дека од 2010 година кога го презеле управувањето на аеродромите, бројот на патници е зголем за петпати.
„Првата 2010 година од работењето заврши со 674 000 патници на скопскиот аеродром, во 2014 година го достигнавме првиот милион, а во 2018 година го имавме двамилионитиот патник. Денеска го имаме тримилионитиот патник“, рече Курт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три…
Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот…
„Зелен хуман град“: Орце Ѓорѓиевски се прогласи…
На последната седница на Советот на Град…
Претреси на повеќе локации во Скопје за…
Утрово полициски службеници вршеле претрес на повеќе…
Делови од Скопје утре ќе останат без…
Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе…
Американски „Боинг 747“ слета во Скопје со…
Ретка и импресивна глетка ги пречека посетителите…