Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрогa

t

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога.

Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.

При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во…

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во…

Мислел дека ќе добие награда од 50…

Вчера во попладневните часови под раководство на…

Мицкоски: За кратко време успеавме да ги…

„Ние се доведовме до ситуација во 21…

Возач во Ресен управувал возило со 2,79…

Лишен од слобода возач во Ресен, управувал…

Повеќе од 50 повредени при експлозија во…

Десетици луѓе се повредени и хоспитализирани по…