Скопјанец со пиштол им се заканувал на вработените во кафуле во Центар
Триесет и двегодишен маж од Скопје извадил пиштол во угостителски објект во Центар и им се заканувал на вработените.
„Вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.
При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи“ соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени пиштол и куршуми во Тетово
Претрес во Тетово, пронајдени пиштол и куршуми…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…
Хаос на граничниот премин “Блаце”: Маж се…
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И.(30) од…
25 годишник се зacтpeлал во ногата додека…
На 29.12.2021 околу 20.00 часот во Полициското…