Скопјанец уапсен на ГП Табановце
Денеска (31.08.2022) во 00.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода З.Т.(53) од Скопје. При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…