Скопјани електронски можат да проверат дали им е изработен пасошот
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.
Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, извести МВР.
Проверката може да се направи на следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/document_status
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…