Скопје денеска беше домаќин на Вториот економски форум – „Жените во првите редови на одржливиот развој“
Фејсбук статус на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:
Скопје денеска беше домаќин на Вториот економски форум со фокус на просперитетот во време на пресврти, со учество на премиерите на Македонија, Косово и Црна Гора, еврокомесарот Оливер Вархеји, заменик министерот за надворешни работи на Чешка Мартин Дворжак и евроамбасадорот Дејвид Гир.
На панелот „Жените во првите редови на одржливиот развој“ дискутиравме како наспроти еден од најкритичните предизвици на човештвото во последните децении, жените од науката, приватниот сектор и политиката, ги предводат промените на движењето кон одржлив развој.

Во локалната самоуправа улогата на жените е од исклучително значење, да има еднакви можности но и да се унапредат условите во инфраструктурата, јавните простори, како и сите сегменти на јавните услуги да бидат подеднакво достапни за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…