Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие?

t

Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека Скопје заслужува да има нов клинички центар, но, оти не треба да се брза со зборовите. Тој вечерва изјави дека треба да се почека, да се види како ќе оди процесот со болниците во Штип и во Кичево.

– Скопје заслужува да има нов клинички центар. Меѓутоа, да не брзаме со зборовите. Да причекаме, да видиме како ќе оди работата со двете болници во Штип и во Кичево. Ако тоа успее, успешна приказна, тогаш кон крајот на идната година треба да најавиме евентуално и нова клиничка болница, рече тој во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

Министерот нагласи дека ако се почне со градење нов клинички центар, ќе бидат потребни минимум седум, осум години за тој да биде употреблив.

– Јас би бил најсреќниот човек во Македонија доколку успееме првата лопата да ја фрлиме за започнување на новиот клинички центар во Скопје. И ако почнеме утре клинички центар да градиме, нас ќе ни треба минимум седум, осум години за да тоа биде употребливо, додаде Таравари.

Тој повтори дека има кризи во повеќе градови и клинички болници, каде нема сестри за дежурање, нема доктори, се затвораат одделенија, не функционираат повеќе болници и готови се до затворање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали…

Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека…

На Халанд не му се мрда од…

Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако…

Се јави Османи: Бугарите во Македонија се…

Уставните измени да се прифатат што поскоро…

Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги…

Именувањето на директор со одлука на Владата…

Австрија воведува нова годишна вињета, позната е…

ASFINAG објави дека новата самолеплива годишна вињета…