Скопје, кое се дави во отпад, беше домаќин на панел дискусијата за иновација во циркуларната економија и креативните индустрии
Додека Скопје мака мачи што со сиот отпад наталожен со недели и дилемата дали на прагот се заразни болести од средниот век, во исто време главниот град беше домаќин на панел дискусијата за иновација во циркуларната економија и креативните индустрии.
Живееме во свет во кој конзумеризмот е нов опиум за народот, мислата дека сите предмети по употреба треба да се фрлат, наспроти рециклирање конечно треба да бидат минато, вели францускиот финансиски експерт Жаки Узиел.
Заштитата на животната средина е многу важна, државата, локалната самоуправа, претпријатијата и граѓаните мора да го имаат тоа на ум. На кое ниво е свеста за циркуларната економија и креативните индустрии во Франција.
Дури и во Франција таа свест е ниска. Сега за сега тоа се барања кои што се ставени на страна, во некоја фиока. Циркуларната економија е во полн развој во овој момент и тоа што е важно е да се обучат операторите, да се дадат некакви стимулации, фискални, даночни стимулации или субвенции за да се рециклира, да се поправат различни предмети или машини. Имавме тенденција оваа последна деценија дека сите предмети еднаш кога ќе се расипат може да се фрлат, а во суштина од различни причини – Жаки Узиел, финансиски експерт и советник.
За Виктор Мицковски доволно е да го видите ѓубрето во и покрај Вардар и сами да заклучите на кое ниво е свеста за циркуларната економија во земјава. Во своето излагање тој се осврна на текстилниот отпад во градежните материјали.
Тоа што ние се обидуваме да направиме е одреден дел од тој отпад да го искористиме и примениме за да направиме материјали кои што се користат како изолациски во градежната, во машинската индустрија . Значи тоа што го гледаме по депониите и контејнерите, отпаден текстил, сунѓери, порозни влакнести материјали се преработуваат со одредени механички процеси и се создаваат материјали со додадени вредност кои што ги користиме реално во Македонија- Виктор Мицковски, консултант за акустика, М-акустик.
Со години наназад и модната дизајнерка Ирина Тошева низ пракса покажува што значи циркуларна економија во модата и дека тоа треба да биде наша реалност, што значи текстилен отпад и каде истиот да се одлага.
Можеби граѓаните ги забележале и оние корпи за стара облека во поголем дел од брендовите во продавниците, иако недостасува една многу поголема кампања за оваа тема за да знаат каде да ги донираат старите работи, дека донации во хуманитарни организации не е единственото нешто каде треба да одат тие облеки, дека не се секогаш ниту соодветно место и ако облеките се во лоша состојба и ништо не може да се направи треба да одат во овие кутии или да најдат начин како да ги употребат, да ги пренаменат- Ирина Тошева, модна дизајнерка.
Важно е, вели Тошева, да се подигне свеста дека брзата модна индустрија се вбројува во еден од најголемите загадувачи на животната средина, затоа мора да се користат ресурсите кои се веќе искористени, при тоа да не се заборави на луѓето кои се вклучени во тој процес и соодветно вреднување на нивниот труд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје, кое се дави во отпад, беше…
Додека Скопје мака мачи што со сиот…
МВР: Повеќе училишта во Скопје и Куманово…
Неколку основни училишта во Скопје и Куманово…
Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови…
Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ…
,,Води ме’’ новата поп-балада на Дамјан Стоименовски
Дамјан Стоименовски има само 24 години, но…
Мециновиќ: Јас добив 30.00 гласови од скопјани…
,,Јас добив 30.00 гласови од скопјани и…