Скопје се најде на листата „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“ според списанието „Тајмаут“

t

Списанието „Тајмаут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.

„Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас на Балканот’. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот ‘Воин на коњ’ со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар – Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.

За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје се најде на листата „најпотценетите дестинации…

Списанието „Тајмаут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации…

Скопје колабираше: Автобуските полни, граѓаните револтирани –…

Делови од Скопје денеска останаа без јавен…

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на…

Малолетници се тепале со возрасни мажи пред…

Двајца малолетници биле ден од инцидент пред…

Шукова: Власта ги лажеше граѓаните на Скопје…

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја…