Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв на листата на градови со најзагаден воздух во светот – на второ место глобално и прво во Европа, според податоците на швајцарската платформа IQAir.
Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е во таканаречената „кафена“ категорија, што претставува највисоко ниво на предупредување и означува воздух опасен за здравјето. Индексот на квалитет на воздухот изнесува 332, при што вредности над 300 се сметаат за исклучително опасни.
Скопје утрово околу 10 часот се најде на 19. место на светската листа, односно на второ место меѓу најзагадените градови во Европа. Според податоците од домашните мерни станици и рангирањето на IQAir, индексот на загаденост во главниот град достигна 154, што го вбројува во категоријата „нездрав воздух“.
Концентрацијата на ситни честички PM2.5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат сериозно да го нарушат здравјето, во Скопје е 12 пати повисока од годишната референтна вредност дозволена според стандардите на Светската здравствена организација.
На првото место со најзагаден воздух во светот е Лахоре во Пакистан, со индекс од 368, што спаѓа во категоријата „многу нездрав воздух“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв…
ЕУ очекува делување, а не изговори од…
Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на…
Сите од Западен Балкан треба да бидеме…
Помалку гледање кон минатото, а повеќе кон…
Европски експерти: Западен Балкан останува потенцијален извор…
Европските експерти предупредуваат дека иако Западниот Балкан…
Најниската просечна годишна плата во Европа е…
Најниската просечна годишна плата на вработен во…