Скратија и од умрените: 5000 денари помалку за пензионерите во случај на смрт

t

Сојузот на здруженијата на пензионерите објави дека почнувајќи од февруари, средствата што се доделуваат од солидарниот фонд – посмртна помош, попознати како посмртнина, се намалуваат за 5.000 денари, односно од 30.000 на 25.000.

Оваа одлука е објавена во „Службен весник“, а образложението е дека нема доволно средства бидејќи бројот на починати пензионери расте поради пандемијата на ковид 19.

Во овој момент, информираат од Сојузот, за исплата чекаат над 4.100 лица, а времето на чекање е околу четири месеци.

Во објавата се додава дека разликата од 5.000 денари ќе може да се подигне дури кога ќе се соберат доволно средства во Солидарниот фонд.

Истовремено, има и одлука за зголемување на задршката од пензиите за Солидарниот фонд од 140 на 150 денари.

Извор: Вечер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

Штипските пензионери протестираа за линеарно покачување на…

Штипските пензионери со транспаренти, но и со…

ВНИМАВАЈТЕ: Измамник успеал да земе 200.000 денари…

Измамник успеал да придобие 200.000 денари од…