Скромно: Министерката Сања Божиновска тежи минимум 68,5 МИЛИОНИ!

t

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, има два стана во Шпанија, еден во Португалија и еден во Чешка, покажуваат податоците од анкетниот лист.

Божиновска има два стана во Центар, едно земјиште во Центар и две земјоделски земјишта во Скачковце, сите заедно во вредност од речиси 9 милиони денари и едно земјиште кое најверојатно има грешка во внесувањето на податоците бидејќи како вредност стои еден денар.

Божиновска пријавила и два стана во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија со вкупна вредност од 54 МИЛИОНИ!

Од подвижен имот во Македонија пријавено е едно возило во вредност од 2.500.000 денари.

Божиновска има и недвижен имот во странство во вкупна вредност од 2.950.000 денари.

Божиновска во земјава има пријавено една трансакциска сметка, две сметки има во Чешка и по една во Шпанија и Португалија.

Божиновска пријавила и едно трговско друштво во странство.

Скромно, нема што, новата министерка за енергетика тежи 68,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ и тоа без приходите од закупнина на станвите во странство и платите кои ги пријавила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потpecно сведоштво на единствената жена која заврши…

Елена Доцевска Божиновска е мајка на две…