СЛАВА МУ: На 28 јуни во атентат во Софија е убиен Ѓорче Петров – револуционер кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ

t

На 28 јуни 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров, револуционер кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ.

Тој е еден од најверните идејни соработници и следбеници на Гоце Делчев и заштитник на целите и на принципите на ВМРО. Иако бил против предвремено кревање на востанието на македонскиот народ, активно се вклучил во Илинденското востание во 1903 година.

Идеологот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров (Георги Петров Николов) е роден на 2 април 1865 година во прилепски Варош.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив во Бугарија. Бил учител во Штип (1886-1887), во Скопје (1888–1891) каде соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Петров бил професор и во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО, а ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).

Ѓорче бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901), учествувал во редактирањето на револуционерниот весник „На оружје“. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско, а по востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа и учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес каде бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Го редактирал списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Тој бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

Потекнува од ситно трговско семејство. Во солунската гимназија во 1885 година поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои бил и македонскиот револуционер Пере Тошев.

Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија. Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив. Поради слабото здравје се вратил во Македонија како егзархиски учител во Штип.

Ѓорче Петров учествувал во испраќањето на ќираџијата Доне Стојанов Штипјанчето, со пратки бомби, од Штип до Битола, кога се случила провалата.

На Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата, а подоцна со налог на организацијата занимал како задграничен претставник во Софија. Ѓорче Петров, како и Гоце Делчев, се спротиставил за кревање на Илинденското востание поради недоволна неподготвеност.

Своите погледи ги образложувал во весникот „Бунтовник“, а негова парола била „Македонија на Македонците“. Заради своите чисто македонски позиции станал еден од најнапаѓаните претставници на ВМРО од страна на врховистите.

Ѓорче Петров е уште една од многуте жртви на братоубиствената борба и меѓусебните пресметки, по атентатот во кој загинал на денешен ден во 1921 година во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добри вести: Пронајден е малиот Игор од…

Пронајдено е петгодишното момче Игор oд Србија,…

Таткото на терористот од Белград откри се:…

Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад…

Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан…

Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски…

а извесна страница на Фејсбук Family service…

Ратко Давидовски од ВМРО-ДПМНЕ не е избран…

Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски не…