Славески: Заев остави тешко наследство со кое треба да се справува новата влада
Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот, вели во неделното интервју на РСЕ професор Трајко Славески, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Професор Славески, од неодамна имаме нова функција, Вие сте претседател на Советот на Град Скопје. Видовме деновиве градоначалничката Арсовска веќе почна со смени на директори на јавни претпријатија, го укина теренот за БРТ итн. Гледате во овие постапки политички реваншизам?
На втората седница, а таа беше првата со која јас раководев, на дневен ред имаше повеќе извештаи за деветмесечното работење на јавните претпријатија, се поведе дискусија за секој извештај поодделно и имаше многу сериозни забелешки од она што имаше презентирано во извештаите од страна на повеќе советници и со гласање и извештаите не беа прифатени. Меѓу другите, тогаш не беше разгледуван стигна покасно извештајот за финансиското работење на јавното сообраќајно претпријатие, тој е за седницата што е закажана за подоцна овој месец на 29. 12. Неприфаќањето на извештаите и укажувањето на сериозни пропусти во работењето е некој сигнал за градоначалникот. Нејзино дискрециско право е да врши промени на тие места и мислам дека нема политика и најверојатно, прифатено е тоа во политиката, дека кога некој презема одговорност, меѓу другото и за работењето и функционирањето на градот преку овие служби, работата на јавните претпријатија, се разбира треба да формира такви тимови кои ќе ги следат политиките и приоритетите на градоначалникот, оттука мислам дека нема политика.
Во најава е формирањето на нова Влада, во неа влезе и доскорешната опозициска партија Алтернатива. Кои се вашите лични очекувања од новиот владин кабинет?
Морам да бидам искрен, немам некои позначајни очекувања. Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот. Она што го видовме на локалните избори потврди дека мнозинството граѓани не се согласуваат по политиките и на локално и на централно ниво на сегашната композиција на владата, без разлика дали кон неа се приклучила некоја помала партија за да го зачува мнозинството. И мислам дека тој јавен притисок за нерешени проблеми постојано ќе се зголемува во јавноста и ќе биде најдобро решение да се одржат предвремени парламентарни избори во текот на 2022.
Професоре Славески Буџетот е веќе донесен откако беа прифатени и некои амандмани од страна на опозицијата. Дали сте задоволен од усвоената верзија на Буџетот или сепак предвидувате негов ребаланс?
Кај Буџетот ние укажуваме на ризиците. Буџетот, особено на расходната страна, тие 4, 4 милијарди евра, досега највисок буџет се навистина нешто што е во дополнително со висок проектиран буџетски дефицит и во овој буџет, влијае или притиска на зголемување на јавниот долг. Факт е дека за кратко време, односно она што не е направено досега. Факт е дека за кратко време, односно она што не е направено досега, зголемување на капацитетот на институциите за реализација на капиталните инвестиции ќе продолжи и во иднина, не може да се очекува тука некое подобрување и нереализираните средства од капиталните инвестиции повторно ќе се трошат за тековни расходи, тоа е еден од ризиците. А второ ризик е како ќе поминеме со новиот бран на пандемијата. Се уште се вршат испитувања, студии, како тоа ќе се одрази на здравствените системи, производствената активност итн. А најголем ризичен фактор, она што јас би рекол дека некако буџетот е како дупната вреќа во моментов и за оваа година, а ќе биде и за следната година, е изгубената контрола врз расходите, што произлегуваат од енергетската криза. Ние сега користиме, и домаќинствата и дел од претпријатијата електрична енергија по цени коишто се далеку, далеку од она што се пазарните цени, домашното производство кое што може да биде со пониски трошоци и да обезбеди пониска цена и за граѓаните и за компаниите е сведено на минимум досега од осамостојувањето и ние се принудени да купуваме на дневна основа скапа електрична енергија, а тоа се надоместува од државниот буџет и од тука велам секој министер за финансии треба да се плаши кога нема контрола над буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…