Славески: Никој не е прoтив зголемување на платите, треба да се усогласат и колективните договори
Никој не кажал дека против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е зголемување на платите, напротив, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.
Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.
– Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани, рече Славески.
Славески изјави дека кога ќе праша некој зошто нема синдикати кај приватниците, а 5 години имаме социјалдемократска влада, треба да се знае дека СДСМ ја носи вината зошто е тоа така во приватниот сектор и има вакви тензии во општеството.
Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот, истакна Славески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…