Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу 4 отсто

t

Очекувањата на гувернерот на Народната банка – Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка.

Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу два процента.

– Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2 проценти, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5 проценти. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4 проценти. Нашата проекција беше 3,9 проценти, а проекциите за наредната година ви се познати, рече Славески.

Статистичките податоци за инфлацијата во декември се очекува да бидат објавени на 8 јануари.

Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе…

Очекувањата на гувернерот на Народната банка –…

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви…

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските…

Македонија на дното по стандардот на живеење,…

Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги…

Трошоците на животот во октомври 2025 година…

Според податоците на Државниот завод за статистика…

Регулацијата за маржите ја намали инфлацијата во…

Според податоците на Републичкиот завод за статистика,…