Славески: Се подготвуваат мерки за полесен пристап до кредити за прв стан
Целта, како што рече гувернерот на Народната банка, е да се поддржи кредитирањето за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените на становите се во континуиран раст
Се подготвуваат нови мерки кои ќе овозможат подобри услови за кредитирање на становите за живеење, особено за прво купување, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија Њузмакс Балканс. Целта, како што рече гувернерот, е да се поддржи кредитирањето за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените на становите се во континуиран раст.
Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија / Фото: МИА
„Најважна цел која си ја поставивме, а произлегува и надвор од мандатот на централната банка и е од општествен интерес, е да видиме како да се поттикне или да се стави во поповолна положба кредитирањето за објекти за живеење коишто се купуваат по првпат и ќе служат за живеење, затоа што е познато дека една третина од постојниот фонд на станови кај нас се празни, можеби се викенд-станови, станови во кои престојуваат студенти од внатрешноста и сл. Секако, не можеме да ги затвориме очите пред тоа дека во последно време недвижностите или становите стануваат средства за инвестирање“, изјави Славески.
Гувернерот најави дека предлозите, чија изработка е при крај, наскоро ќе бидат доставени до банките од кои ќе се чека повратна информација, но и нови идеи за поповолни услови за кредитирањето на станови, особено за млади брачни парови и граѓаните кои сакаат да го решат станбеното прашање.
Појасни дека мерките ќе се насочат кон разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, со цел да се олесни пристапот за граѓаните што навистина имаат потреба од дом.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славески: Се подготвуваат мерки за полесен пристап…
Целта, како што рече гувернерот на Народната…
Известителка на ОН: Србија крши голем број…
Известителка на ОН за правото на образование,…
Трамп соопшти дека Ерменија и Азербејџан ќе…
Се очекува лидерите на Ерменија и Азербејџан…
Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави…
Вистински хорор: Син ја убил својата мајка…
Штипјанец синоќа ја убил мајка си во…