„Славика либрис“ ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Беломорска Македонија“

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ од полскиот автор Дионисиос Стурис, а во превод на Лидија Танушевска.
Дали дефинитивно и категорички мора да го одредиме нашиот национален идентитет – прашува Дионисиос Стурис, кој припаѓа на третото поколение на грчки бегалци од Граѓанската војна во Грција. И самиот со двоен и недоопределен идентитет, им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема. Тие до ден-денес ѝ се благодарни на полската држава и ја чувствуваат како своја, и покрај тоа што биле разделени од семејствата, и покрај строгата дисциплина во детските воспитни центри во кои биле сместени децата бегалци, и покрај носталгијата за татковината во која на Грците со децении не им било дозволено да се вратат, а на Македонците никогаш.
Дионисиос Стурис (1960) – Репортер, автор на документаристички книги и подкасти. Долги години работел во Радио ТОК ФМ, каде се занимавал со надворешна политика. Тој често пишува за бегалците и за миграцијата, како и за Островот Ман и современа Грција.
Дионисиод Стурис е повеќекратно номиниран за престижни награди. Неговата репортажа „Зајдисонце на Санторини“ ја добила наградата „Аркадиј Фидлер“ за книга на годината и на конкурсот на списанието „Патник“ за патопис на годината. Тој сака да трча, да пече и да готви.
Автор е на бестселерот „Калимера. Грчка кујна на радоста“ – книга со рецепти од вегетаријанската грчка кујна, како и на книгата за деца „Кала, кала. Грција за љубопитните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Минималната плата во Грција од 1 април…
Од 1 април годинава, минималната плата во…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
Во САД одбележан Денот на независноста на…
Воената соработка на Вашингтон со Атина е…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…