Следните шест месеци се критични за Украина, вели шефот на ЦИА
Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, во четвртокот изјави дека разузнавачката агенција проценува дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина соочена со руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели.
Говорејќи на настанот за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс исто така рече дека агенцијата верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг е донекаде отрезнат од војната во Украина, но дека би било грешка да се потцени посветеноста на Пекинг и Москва на нивното заедничко партнерство.
Русија и Кина потпишаа „неограничено“ партнерство минатиот февруари, непосредно пред руските сили да ја нападнат Украина, а нивните економски врски се зајакнаа додека врските на Русија со Западот ослабеа.
Кина се воздржува од осуда на операцијата на Русија против Украина, но внимава да не и обезбеди директна материјална поддршка на Русија, што би можело да предизвика западни санкции како оние наметнати на Москва.
Но Брнс, кој неодамна отпатува во Украина за да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, рече дека Си најверојатно бил изненаден и вознемирен од, како што рече, лошите перформанси на руската војска.
Брнс додаде дека пријателството меѓу Русија и Кина не е целосно безгранично.
– Мислам дека е погрешно да се потценува взаемната посветеност на тоа партнерство, но тоа не е целосно пријателство без граници, изјави Брнс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
ЦИА објави документи за атентатот врз сенаторот…
Американската разузнавачка агенција – ЦИА објави речиси…