Следува нов ценовен шок во јуни: Ќе се укинат мерките за намалено ДДВ за струјата?
Владата ги прави последните анализи, кои мерки за спас од енергетската и економската криза ќе продолжат по 31 мај. Според најавите на премиерот Ковачевски се разгледуваат повеќе опции, но замрзнување на цените и натаму не е во игра.
За помалку од две недели завшрува важноста на мерките со кои основните прехрамбени производи се продаваат по набавна цена и без ДДВ. Состојбите се следат, уверува Ковачевски надлежните остануваат на ставот дека инфлацијата е увезена, а според последните податоци на статистика во месец април инфлацијата достигна 10,5 проценти. Ковачевски вели не чека најтешката зима, но се прават и сите напори за да се зголеми домашното производство и да се обебзеди непречено снабдување со струја.
„Ние веќе во подготовката на ребалансот обезбедуваме дополнителни средства кои што ќе треба да бидат како бафер за дополнителни мерки кои што треба да се напарават во однос на заштита на најранливите категории на граѓани. И дополнително веќе информираше ЕСМ дека е во финализација на кредиот од европската банка во износ од 100 милиони евра под многу поволни услови со каматна стапка до 1%, преку кои што ќе се обезбеди непречено функционирање на ЕСМ.“ – изјави Димитар Ковачевски претседател на Влада на РСМ.
И додека се чека нова цена на струјата во земјава, но и новиот тарифник кој го спрема Регулаторна она што со сигурност се знае е дека цената на светските берзи ќе расте.
За да нема ценовни шокови за граѓаните, државата повторно ќе интервенира со префрлање на финансиски средства во енергетските компании колку ќе се знае со рабалансот, кој финишира во финансии. Од Илинденска број 2 очекуваат Собранието да го усвои во предвидениот рок. Колку пари ќе бидат потребни за покривање на буџетската дупка и натаму е непознато, се уште се чека одговорот од ММФ.
извор: ТВ 24
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…
Дел од Општина Карпош утре без струја
Во текот на утрешниот ден, без електрична…