Сликал со мобилен додека се потпишувал во ДИК за претседателски кандидат
Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат во подрачното одделение на Државната изборна комисија, соопшти денеска СВР Куманово. Вработените од подрачното одделение Куманово на Државната изборна комисија го пријавиле во полицијата вчера.
– Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13:00 часот во просториите на подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало, соопшти полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…