Словачка: Не можеме повеќе да и помагаме на Украина со оружје
Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска во Варшава изјави дека Словачка повеќе не може да и помага на Украина со оружје бидејќи дала се што можела и дека промените по доаѓањето на власт на премиерот Роберт Фиц и изборот на Петер Пелегрини за претседател на Словачка се само на зборови, а целата друга помош за Украина продолжува.
„Не очекувам преголеми промени по доаѓањето на новиот претседател. Поголема воена помош за Украина не е можна бидејќи Словачка направи се што можеше во таа област“, изјави Чапутова по разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда, пренесуваат полските медиуми.
Дуда се заблагодари на Чапутова за нејзината проштална посета на Варшава и се согласи со неа дека Полска може да смета на добра соработка со новоизбраниот претседател Пелегрини.
„Го познавам Пелегрини и верувам дека соработката ќе биде многу добра. Пелегрини е многу искусен политичар и како што покажува моето искуство од минатото, тој водеше многу избалансирана политика и не очекувам ништо друго“, рече Дуда.
Тие веќе не испраќаат оружје во Украина од нивните воени магацини, но како и Словачка го испратија целото старо оружје, главно советско што не им треба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…