Словачкиот премиер на средба со Путин во Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата вечерта во Кремљ го прими словачкиот премиер Роберт Фицо.
Коментирајќи ги разговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не знае за какви прашања планираат да разговараат лидерите, но додаде дека „посетата била планирана пред неколку дена“.
Тој, исто така, не исклучи дека на дневен ред ќе биде и прашањето за испораките на руски гас за Словачка, како и други прашања од надворешната политика. „Но, ќе мора да почекаме до крајот на состанокот“, додаде Песков.
Навестување дека се водат разговори дојде во саботата кога српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „неофицијално дознал“ дека Фицо ќе го посети Путин, но посочи дека тоа ќе биде во понеделник, а не во недела.
Посетата доаѓа откако Фицо на почетокот на овој месец изјави дека неговата влада води „многу интензивни“ разговори за испораките на природен гас за 2025 година. Протокот на гас во Словачка, која е зависна од руската енергија, е загрозена поради намерата на Украина да не продолжи договор за транзит со Москва кој истекува на 31 декември.
„Уверен сум дека може да се најде решение за снабдување гас за неколку земји од ЕУ со транзит на гас преку територијата на Словачка и Украина“, рече претходно Фицо.
Фицо беше еден од лидерите на ЕУ кои најмногу ја критикуваат западната поддршка за Украина, при што неговата влада ја прекина државната воена помош за Киев. Тој, исто така, постојано ја повика ЕУ да се откаже од санкциите против Русија, инсистирајќи дека блокот мора да го продолжи дијалогот со Москва штом ќе заврши конфликтот.
Во октомври Фицо, кој преживеа обид за атентат во мај, откри дека се соочил и со втор обид за атентат, поради неговиот став за украинскиот конфликт. Фицо беше застрелан од непосредна близина од активист кој се спротивстави на ставовите на премиерот за односите со Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словачкиот премиер на средба со Путин во…
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата вечерта…
Да имаме таква… Maкедонија ја затвора Агенцијата…
Ако не сте знаеле, од 2010 година…
Рама по најавата дека кинеската компанија ќе…
По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс,…
(Видео) Инцидент за време на протестите пред…
Таксист удрил младич, додека се обидувал да…
Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно…
„На ист начин како што постапивме со…