Објавено на:

Словачкиот премиер Фицо предупредува: Можен нов атентат врз мене

t

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека политичката атмосфера во земјата станува сè понапната и не ја исклучи можноста за нов обид за атентат врз него или друг јавен функционер. Тој во интервју за телевизијата TA3 изјави дека обидот за убиство врз него на 15 мај минатата година бил резултат на политичка омраза и медиумска кампања против неговата влада.

„Имаше разни обиди да нè срушат. Бев четири пати обвинет, на еден сантиметар од затвор, но повторно победивме на изборите. Некои луѓе не можат да прифатат демократски резултати, па атмосферата полека зоври, сè додека некој не реши да земе правда во свои раце“, рече Фицо.

Тој нагласи дека напаѓачот бил лице блиско до опозициската Демократска партија, а вината ја префрли и на дел од медиумите, обвинувајќи ги за ширење омраза и радикализација на јавното мислење.

„Со свои очи видов како во една емисија уредникот праша: ‘Значи, Фицо треба да биде убиен?’, и доби потврден одговор. Тоа е преседан“, рече Фицо.

Премиерот обелодени дека безбедносните служби го предупредиле за можноста од нов напад, дури и од судир меѓу спротивставени групи граѓани.

„Ако не преземеме конкретни чекори, ќе се случи нов атентат. Апсолутно сум убеден во тоа“, предупреди тој, додавајќи дека веќе ја предвидел опасноста пред да биде ранет.

Осврнувајќи се на енергетската политика, Фицо го критикуваше курсот на Европската комисија и го нарече „нова Железна завеса“ кон Истокот и Русија. Тој тврди дека ЕУ сака целосен прекин на увозот на руска нафта, гас и нуклеарно гориво, иако, како што вели, тој увоз сè уште постои, но се одвива тајно.

„Русија е втор најголем снабдувач на течен гас во Европа. Многу земји-членки и понатаму купуваат нуклеарни материјали од Русија. Нека Путин ги открие тајните договори на западните компании“, повика Фицо.

Според него, актуелната политика е лицемерна и штетна по европските граѓани, додека конфликтот во Украина продолжува, без јасен крај на повидок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словаците ќе бараат Украина да го врати…

Словачката национална партија (СНП), која е дел…

Словачкиот премиер Фицо предупредува: Можен нов атентат…

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека политичката…

Словачка прогласува вонредна состојба поради мечки

Владата на Словачка поради проблемот со мечките…

Словачка се извини поради гласањето за резолуцијата…

Владата на Словачка се извини поради гласањето…

Шојгу: Америка стои зад протестите во Србија…

Секретарот на Советот за безбедност на Русија…