Словенија ќе ги признава возачките дозволи на македонските државјани без дополнително полагање на практичен испит
Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.
Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.
Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).
Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправдани административни пречки.
– Тоа е административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе го олесни животот на странските работници.
Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија ќе ги признава возачките дозволи на…
Словенија усвои измени на Законот за возачи,…
Јавниот превоз во Љубљана ќе користи автобуси…
Словенечкиот главен град планира да го направи…
Словенците гласаа против законот за асистирано самоубиство…
Словенечките гласачи со огромно мнозинство го отфрлија…
Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија
Водостоите на речните текови во земјава денеска…
Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…
Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…