Словенија ѝ донира 1,5 милиони евра на Украинa

t

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон потпиша договор за донација во износ од 1,5 милиони евра, кој Словенија ќе го испрати во Украина за деминирање, јави регионалната ТВ Н1.

 Словенија е свесна за огромните потреби на Украина во областа на деминирањето и затоа ги поддржува сите напори за безбедно и трајно обновување на земјата, истакна Фајон.

Од украинска страна, договорот го потпиша украинскиот амбасадор во Љубљана, Андриј Таран, а украинската вицепремиерка Јулија Свириденко учествуваше преку видео-врска, заблагодарувајќи се за донацијата и ја истакна важноста на деминирањето.

Словенечкото Министерство за надворешни работи наведува дека Украина е најминирана земја во светот – речиси една третина од нејзината територија е покриена со мини и остатоци од други видови експлозивни направи. Деминирањето ќе трае неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…