Објавено на:

Случајот со починатото новороденче во Битола ќе заврши како несреќен случај, бидејќи семејството не пријавува пропуст

t

Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема да врши надзор во битолската болница каде вчера почина уште едно новороденче. Иако веста е објавена на повеќе од 40 медиуми, ДСЗИ се прави дека не знае за која родилка се работи, кога се случило породувањето, ниту пак дознале дека настапила смрт на новороденчето.

„До ДСЗИ не е доставена официјална информација од здравствената установа која ја наведувате , ниту пак претставка од семејството во врска со наводите. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во случаи кога врши вонредни инспекциски надзори постапува по добиена наредба, претставка од семејство или орган . Во врска со конкретното прашање немаме никакви податоци за која родилка се работи , кога се случило породувањето ( датум) ниту дека настапила смрт на новородено“ велат од ДСЗИ за „Слободен печат“.

Вчера во битолската болница почина новороденче на 21-годишна мајка која била бремена по четврти пат. На незавршена обдукција битолската болница веќе даде изјави за медиумите дека имало вишок на плодова вода и дека бебето имало аномалии. Бебето се родило мртво, а мајката наводно немала контролирана бременост до 7 месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…

Трамп закажа средба во Белата куќа со…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…