Собранието денеска ги разгледува кандидатурите на Јовески и Климовски за уставни студии
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд.
Пред членовите на Комисијата треба да се најдат кандидатурите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски.
Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.
Во петокот, комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
ЕХФ: Нема докази дека судиите местеле натпревари
Европската ракометна федерација денес преку соопштение со…
Чисти како солза – Дамева: Досега нема…
Судскиот совет има механизми да се бори…
Судовите не смеат да ја кријат својата…
Судовите не смеат да ја кријат својата…
Тунискиот претседател разреши 57 судии
Тунискиот претседател, Каис Саид разреши 57 судии…