Собранието на Адвокатската комора на Србија изгласа едномесечен прекин на работата
„Триесет дена суспензија со строг режим, само преклузивни рокови, како што предложи Адвокатската комора Шабац. Предлогот на Управниот одбор на АКС (за 15-дневен прекин на работа) не се ни гласаше, бидејќи овој предлог доби мнозинство“, изјави Терзиќ за агенцијата Бета.
Тој додаде дека Управниот одбор на АКС ќе утврди кога ќе стапи на сила прекинот на работата.
Адвокатската комора на Србија кон средината на јануари гласаше за седумдневен прекин на работа, што беше поништено од страна на Вишиот суд во Белград, по што адвокатите заминаа на два прекини со работа од по три дена.
Една од причините за тие прекини на работа, како што наведоа адвокатите, е да се изрази солидарност со студентите кои повеќе од два месеци протестираат низ Србија.
Несреќата во Нови Сад, во која 15 лица загинаа, а две беа тешко повредени кога пред три месеци се урна настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад, предизвика масовни протести во Србија кои изнесоа десетици илјади луѓе на улиците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…
(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…
Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…