Објавено на:

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

t

Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Неколку ранети севернокорејски војници загинаа во…

Севернокорејските војници, „неколку“ од нив кои беа…

Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала…

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му…

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд…

Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател…

Милановиќ победи во сите хрватски жупании

Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска…

Авиокомпании ги откажаа летовите кон Русија по…

Неколку авиокомпании објавија дека ги прекинуваат летовите…