Советникот на Сиљановска има бугарски пасош! Со „блгарски произход“ на македонска државна дојка во Вила Водно

t

Од патриоти на денот го издвојуваме советникот за надворешна политика на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, Жидас Даскаловски, за кој Инфомакс откри документ за поседување на бугарско државјанство.

Во документот до кој дојдовме, пишува дека Жидас Даскаловски, од Битола, роден на ден 21.06.1974 година во Битола, поседува указ за бугарско државјанство број 3656/2002 г, а во 2022 гофина добива лична карта со број 645000***. Како што дознаваме, Даскаловски е регистриран со адреса во Софија, во населбата Средец.

Овој документ покажува дека Жидас Даскаловски има бугарско државјанство уште од 2002 година.

Инаку Даскаловски има низа објави на Фејсбук, каде се бори против „предавници“, против странски фактори, гостувања во емисии и слично, па да почнеме со ред.

Еве што пишува патриотот Даскаловски, со бугарско државјанство во 2022 година.

– Тие што се вклопуваат во туѓите агенди и визии за Македонија никогаш не биле глупи. Знаеле дека иако Македонците и каузата ќе страдаат тие ќе профитираат. Пета колона, компрадори, квислинзи, предавници на родот свој… некадарници, неспособни самостојно да делуваат и управуваат, потребен им е тутор, моќник, кој ќе им кажува што да се прави. Ако тоа е против својот народ ќе лажат, ќе измислуваат, ќе наоѓаат изговори, ќе тепаат. Тие немаат ни кредо, ни идеологија, се ставале во полза и на ројалисти, и на фашисти, и на комунисти, и на Југословени, и на Европјани. Ако веруваш во себе, ако имаш достоинство, ако си работник, ако имаш знаење, ако имаш интегритет, знаеш што треба да направиме….. – пишува Даскаловски.

Во право е Даскаловски, страдаат Македонците од предавници, профитери и луѓе кои се ставаат во полза на други држави, само не во полза на Македонија.

Даскаловски има и изјави дека Буагрите можат да се внесат во Уставот и дека Гоце Делчев може да биде и Македонец и Бугарин истовремено…

Еве, според Даскаловски не е трагедија да се каже дека некои војводи се идентификувале како Бугари и дека не треба да има комплекси.

Што е полошо од ова? Тоа што Даскаловски и неговата сопруга се основачи на Центарот за истражување и креирање политики кој добива фондови од Европската унија, а претходно медиумите пишуваа дека грантовите од ЕБОР и другите клучни инвеститори за развој на Македонија ќе се делат од Вила Водно за парите да завршат во фамилијрен џеб.

Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП (CRPM) Скопје е организација во која извршна директорка е Марија Ристеска, сопруга на Жидас Даскаловски советникот на Сиљановска Давкова, кој пак воедно се покажува и како претседател на истото здружение, член на управниот одбор, член на собранието на истото здружение со право на глас и носење на одлуки.

Способен човек, може да ги извршува сите функции заедно.

Списокот на членовите на невладината организација Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП (CRPM) се:

Д-р. Жидас Даскаловски

Д-р. Марија Ристеска

Д-р. Билјана Митевска

Божана Ристеска

Раде Ристески

М-р. Александар Цеков

М-р. Кристијан Трајковски

Жарко Цветковски.

Во истата организација долги години и до неодамна, претседателката Гордана Сиљановска Давкова била во стратешкиот советодавен одбор заедно со Проф. Биљана Ванковска, Проф. Методиј Хаџи-Јанев и Проф. Жидас Даскаловски.

Интересен е фактот што претседателката Сиљановска Давкова тоа не го пишува во нејзината официјална и опсежна биографија во која се наведени многу релевантни институции кои исто така се и клучни донатори за развојот на нашата земја, а меѓу нив се и ОБСЕ, УНДП, ООН и Европската унија.

 Даскаловски и неговата сопруга Марија Ристеска имаат и консултантска куќа со исто име како здружението. Односно, според податоците заведени во Централен регистар се вика: Друштво за консалтинг и услуги ЦИКП-КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје.

И здружението и консултатнстката фирма се водат во Централен регистар на адресата – Цицо Поповиќ 6-2/9 во Скопје. Катастарските податоци покажуваат дека сопственик на станот е Божана Ристеска, мајката на Марија Ристеска, објави претходно Локално.

Овој податок е дополнително алармантен затоа што донаторите од Европска Унија имаат строги правила како се користат нивните пари и не е дозволено, на пример, со пари од проекти кирија да си плаќа некој сам на себе или пак на свој најблизок роднина, во случајов мајка! Тоа според ЕУ претставува судир на интерес!

Овде се поставува и прашањето, како Даскаловски добил одобрение од безбедносните за да влезе како советник во Вилата Водно, ако има бугарско државјанство? Дали безбедносните институции направиле пропуст во овој, или и во некои други случаи?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…

Нова спасувачка акција на Водно

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…

Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…