Советник од Левица осуден затоа што објавил колку троши Општина Битола по кафани?!
*Објава на Горан Велевски, советник во Советот на Општина Битола:
Политичко – судската власт ја одби жалбата и донесе “Пресуда” со нејзините 2% доверба од народот.
Во 2022 година имавме објава околу угостителските расходи на општината со докази и податоци од порталот„Отворени финансии“ кој има за цел да и овозможи на јавноста увид во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Македонија, со кои што располага Трезорот на Министерството за финансии.
Бевме тужени за клевета од страна на ДПМНЕ и покрај сите докази и материјали кои ги презедовме од овај валиден портал за денес да пресудат во корист на виновниците.
Судиите очигледно не го почитуваат порталот “Отворени Финансии” преку Министерството за финансии, туку политичарите кои се на власт, а од тука потекнува нивната срамна доверба од 2% што беше очекувано за нас.
Во прегледите подолу Ви доставуваме листа на најпосетувани ресторани од страна на локалните функционери предводени од ВМРО-ДПМНЕ како потсетување за што добивме тужба од ДПМНЕ!
1. ЈУВЕНАЛИ ТРЕЈД ДОО БИТОЛА – РЕСТОРАН КАПРИ
Според јавно достапните податоци, од 20 јануари до 14 октомври 2022 година, Општина Битола потрошила вкупно 519.241 денари само во овој ресторан.
2. ГЕНЕРАЛ ЛОРД ДООЕЛ БИТОЛА – РЕСТОРАН МИЛЕНИУМ
Според јавно достапните податоци, од 01 јануари до 02 ноември 2022 година, Општина Битола потрошила вкупно 566.048 денари во овој ресторан.
3. ЈА-СА ДООЕЛ БИТОЛА – РЕСТОРАН ПРЕМИЕР ЦЕНТАР
Според јавно достапните податоци, од 30 јуни до 02 ноември 2022 година, Општина Битола потрошила вкупно 152.057 денари во ресторан Премиер Центар
4. МАКЕДОНИЈА ДОО БИТОЛА – РЕСТОРАН ЕПИНАЛ
Според јавно достапните податоци, од 07 март до 14 октомври 2022 година, Општина Битола потрошила вкупно 84.861 денари во ресторан Епинал.
Само во овие четири ресторани во Битола, без да се земат во предвид и останати трошења за ресторански услуги, Општина Битола во периодот од 20 јануари до 02 ноември 2022 година потрошила за угостителски услуги вкупно 1.322.207 денари или 22.000 евра, или повеќе од 100 евра по работен ден!


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…