Советот за безбедност на ОН: Сочувство за заложниците, но и критика за Израел
Советот за безбедност на ОН ги осуди страдањата на израелските заложници во заробеништво на терористичката милиција Хамас на емотивен и јасен начин. Но, и Израел се соочи со остри критики за водењето на војната.
Додека Израел бара од Советот за безбедност на ОН поголем меѓународен притисок врз исламистичката терористичка организација Хамас, извештаите за можна израелска окупација на Појасот Газа предизвикуваат загриженост. Таквиот чекор би можел да има „катастрофални последици за милиони Палестинци“ и дополнително да ги загрози животите на преостанатите заложници во Газа, предупреди дипломатот на ОН Мирослав Јенца во Њујорк. Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар ги обвини земјите кои неодамна објавија признавање на Палестина како држава за уништување на договорот за прекин на огнот.
„Дозволете да бидам јасен: Овие земји ја продолжија војната“, рече Сар на состанокот на Советот за безбедност на ОН кој го побара Израел. Неодамна, Франција и Канада објавија дека ќе ја признаат Палестина како држава. Велика Британија, исто така, му се закани на Израел со таков чекор, доколку израелската влада не ја прекине војната во Газа и страдањето на палестинското цивилно население.
ИЗВОР: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот за безбедност на ОН: Сочувство за…
Советот за безбедност на ОН ги осуди…
Израел ја укинува вонредната состојба и го…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ја…
Утре вонреден состанок на Советот за безбедност…
Советот за безбедност на ОН ќе свика…
Демонстрации по улиците во Израел – бараат…
Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи…
Ердоган вети дека ќе го зголеми притисокот…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот…