Советот на амбасадори изрази сочувство за смртта на Стојан Андов

t

По повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија, Советот на амбасадори изразува сочувство до неговото семејството, пријателите и сите почитувачи на неговото дело како политичар, педагог, економист, публицист и амбасадор.

Освен како прв претседател на македонскиот парламент ќе остане запаметен и како висок функционер и член на владата во СФРЈ, вешт политичар, аналитичар, преговарач, толкувач и советодавец кој успешно раководеше со работата на Собранието на МК во клучни, понекогаш и драматични моменти од политичката историја на самостојната македонска држава.

СА потсетува дека Стојан Андов, во својство на сојузен министер, беше и главен преговарач помеѓу СФРЈ и Европската Економска Заедница, а под негова палка беше склопена спогодбата која што ги регулираше, ги прошири и ги продлабочи југословенско-европските односи. Оваа спогодба предвиде и постепена интеграција на поранешна СФРЈ во тогашната ЕЕЗ, што беше замаец и за евро-интегративниот пат на независна Република Македонија.

Советот на амбасадори изразува благодарност за сѐ што направил Стојан Андов во полза на македонскиот народ и народите што живеат во независна Македонија.

Нека почива во мир! “

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ