Советот на Европа треба да ѝ плати 32,5 милиони евра бидејќи ја исклучи од членството
Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членство во таа организација, соопшти министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо.
„Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од нејзината повелба. „Италија го смета ова за неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право“, рече Луиџи ди Мајо.
Советот на Европа, поради суспензијата на членството на Русија, треба да ги врати 32,5 милиони евра што Русија ги плати на почетокот на годината, изјави сенаторот Кабаров за Спутник
Според соопштението на Комитетот на министри на Советот на Европа, правата на Русија во Советот на Европа се суспендирани, но тоа е привремена мерка. Исто така, се забележува дека каналите за комуникација остануваат отворени.
Процедурата за суспендирање на членството на Русија во Советот на Европа вклучува и работа во Парламентарното собрание на Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, изјави за РИА Новости извор од Стразбур.
Во соопштението на Комитетот на министри на ЕУ се истакнува дека жалбите против Русија пред Европскиот суд за човекови права ќе продолжат да се разгледуваат.
Претходно премиерот на Полска Матеуш Моравјецки најави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…