Сончево време со повремен ветер, утре пороен дожд и засилен ветер
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степена.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…