Сончево време со температури до 26 степени, викендов најави за пороен дожд
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена.
И во петок ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови.
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…