Сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово, тројца се тешко повредени
Вчера во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово.
По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, каде кај двајцата возачи и сопатникот Ј.Л. од патничкото возило „голф“ биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерката за финансии му се закани на…
Како и на генералните седници за пратенички…
Како до сега: Штрајк на контролорите на…
индикатот на контролорите на летање на Македонија…
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…