Сорос го препушти управувањето на фондацијата Отворено општество на неговиот син Александар Сорос
Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го предаде управувањето со својата Фондација Отворено општество (ОСФ) на својот син Александар Сорос.
Џорџ Сорос претходно изјави дека не сака неговата фондација да ја преземе ниту едно од неговите пет деца.
Сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите светски фондации, пишува Гардијан.
„Тој тоа го заслужи“, изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.
37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во ОСФ уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира семејни пари за левичарските кандидати во САД.
Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.
Александар, кој претходно оваа недела објави фотографија на Твитер со американскиот потпретседател Камала Харис, сега води политичка кампања како претседател на политичкиот комитет на неговиот татко.
Фондацијата, каде Александар ја извршуваше функцијата потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои велат дека ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Стоп за миграцијата, стоп за војната, стоп…
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека…
(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници…
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Израелскиот претставник на ОН го нападна Сорос…
Однесувањето на еврејскиот милијардер е „срамно“, но…
Орбан со закон ќе ги контролира странските…
Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…