Објавено на:

Сорос ќе даде 100 милиони евра за формирање на Ромска фондација за Европа

t

Џорџ Сорос, основачот и претседател на Фондацијата Отворено општество, најави дека ќе ја издвои својата поддршка за ромските заедници во Европа преку создавање на нова фондација и вети 100 милиони евра за таа организација. Неговиот син Алекс Сорос минатата недела објави авторски текст во европското издание на Политико, според кој „Отворено општество“ не ја напушта Европа, туку само ги менува своите приоритети.

„Ромската фондација за Европа“, која ќе биде независна од „Отворено општество“, ќе започне со своите активности од јануари со седиште во Брисел, посочуваат од „Отворено општество“. Желко Јовановиќ, директор на одделот за ромски иницијативи на „Отворено општество“, ќе раководи со новата фондација, јавува БТА.

„Ова е вистински европски проект бидејќи ние сме најголемата малцинска заедница во Европа, а исто така и најзапоставената и најповредената“, изјави тој за Асошиејтед прес. „Значи, поддржувајќи го развојот на најобесправените, го поддржувате развојот на целото општество.

Помеѓу 10 и 12 милиони Роми живеат во Европа, а околу 6 милиони од нив живеат во ЕУ, што ги прави најголемото етничко малцинство на континентот. Значителен дел од заедницата пријавува дека страда од дискриминација и економско исклучување, како и високи нивоа на сиромаштија и пониски нивоа на формално вработување, соопшти Европската комисија.

Во сличен дух зборуваше и Алекс Сорос, претседател на управниот одбор на „Отворено општество“ и син на основачот на организацијата Џорџ Сорос и изјави дека активноста на новата фондација нема да биде само во интерес на Ромите, туку исто така и на цела Европа.

„Убеден сум дека новата фондација ќе биде динамична сила – посветена на реализација на целосниот потенцијал на Ромите и надминување на длабоко вкоренетите бариери со кои се соочуваат“, рече Алекс Сорос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Стоп за миграцијата, стоп за војната, стоп…

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека…

Израелскиот претставник на ОН го нападна Сорос…

Однесувањето на еврејскиот милијардер е „срамно“, но…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Блумберг: Сорос масовно ги затвора невладините поради…

Сорос почна со масовно затворање на невладините…