Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ – Украинската криза и руските санкции се главна тема
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни.
Зголемениот број на прекршувања на примирјето во источна Украина е предмет на особена загриженост, поради стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските владини трупи како изговор за напад врз Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба треба да присуствува на заедничкиот појадок со неговите колеги од ЕУ.
Меѓу другите теми на дневен ред е и влошувањето на безбедносната ситуација во БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…