Објавено на:

Состојба на “антитерористичка окупација” прогласена во Белгород

t

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е прогласена состојба на „антитерористичка операција“ во регионот, откако диверзантска група поврзана со украинската армија ја преминала руската граница, јави агенцијата Анадолија.

Гладков на социјалните мрежи соопшти дека се преземени одредени мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните во Белгородската област на границата со Украина, „поради опасност од диверзантска група на Вооружените сили на Украина“.

Гладков изјави дека од денеска прогласиле состојба на „антитерористичка операција“ во регионот и нагласи дека се преземени одредени мерки и се воведени привремени ограничувања.

Според него, во дворот на една градинка паднала граната, а објектот целосно изгорел.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за влез на украинска диверзантска група во рускиот регион Белгород.

Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут за украинската страна, рече Песков.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека „единствена придвижувачка политичка сила во тоталитарна земја отсекогаш било вооружено партизанско движење“.

Украина со интерес ги следи случувањата во регионот Белгород во Русија и ја испитува ситуацијата. Украина нема директна врска со ова, рече Подољак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…