Со европски пари 25 училишта во Македонија ќе добијат фотоволтаични системи

t

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.

Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата – изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.

Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…