Со кого ќе се сретне делегацијата на Петков?

t

Премиерите на Република Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков претпладнево имаат тет-а-тет средба во Владата, согласно агендата за еднодневната официјална посета на бугарската делегација во државава.

Одделни средби имаат и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Ковачевски и Петков по што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

Предвидена е и промоција на проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Бугарија, премиерот Петков ќе има одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На аеродромот во Скопје изутрината владината делегација на Бугарија ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што официјалниот дел на посетата стартуваше со церемонијален пречек со високи државни и воени почести пред Владата.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…